Skip to main content

Филм – ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места 2025

Како дел од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ ИПА II Србија – Северна Македонија, од септември 2023 година до март 2025 година, четири партнерски организации го имплементираа проектот „Премостување на родовиот и возрасниот јаз на пазарот на труд преку градење капацитети и промовирање на нови работни можности во прекуграничниот регион – ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“.

Партнери на овој проект се:

– Здружение на бизнис жени Србија (УПЖ Србија), водечки партнер на проектот;
– Здружение на бизнис жени во Врање (УПЖ Врање);
– Фондација за менаџмент и индустриско истражување – Скопје;
– Здружение „Правени и професионални“ – Скопје.

Во филмот говорат (по редослед на појавување):

– Драгана Панајотовиќ, извршна директорка на Здружението на бизнис жени Србија;
– Викторија Станојковска, ученичка во средното градежно-гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје;
– Гаврил Петановски Станов, ученик на средното градежно-гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје;
– Тијана Миловановиќ, претседателка на Здружението на бизнис жени во Врање
– Наташа Манасијевиќ, градоначалничка на општина Трговиште
-Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања, -Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров
– Тинка Китеска, претседателка на Здружението „Правени и професионални“ Скопје.