Skip to main content
Медија

ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места – Тијана Напрта, TRIDESETRI Beograd – ВИДЕО ПОДКАСТ


Во четвртата епизода од новата серија на подкасти на Здружението на бизнис жени во Србија, насловена како ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места, со Тијана Напрта, оперативна директорка на TRIDESETRI d.o.o. Beograd, компанија од ИТ секторот, разговара новинарката Лидија Марко. Преку овие разговори, имате можност да дознаете за работните места кои, поради традицијата и родовите стереотипи, се сметаат за „машки“, но со кои успешно се справуваат и управуваат жени. По завршување на средно училиште, по примерот на татко и, Тијана почнала да се интересира за хардвер, а потоа решила да се запише на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Белград. Многу рано почнала да работи, што и дало нова перспектива и искуство, по што основала компанија со своите колеги. И покрај фактот што оваа професија се уште делумно се смета за „машка“, нејзината упорност и љубов кон технологијата и даваат поттик да води успешен бизнис.

  • За тоа што ја мотивирало да работи во ИТ секторот;
  • За важноста на поддршката од врсниците;
  • За важноста на самодовербата во женското претприемништво и бизнис.