Skip to main content
Медија

ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места – Маја Аначкова, Машински факултет – Скопје


Во оваа епизода од нашиот подкаст, дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, разговараме со Маја Аначкова, доцент на Машинскиот факултет во Скопје и професорка на Институтот за механика. Маја ја споделува својата инспиративна приказна за тоа како го избрала инженерството како кариера и што ја поттикнало да се впушти во домен кој традиционално се смета за машки. Низ разговорот, ќе дознаете за нејзините искуства и предизвици како жена во светот на машинството, како и за начините на кои таа успеала да се истакне во оваа индустрија. Маја исто така говори за важноста на поголемото учество на жените во инженерството и механиката, и како тоа може да влијае на напредокот на овие области. Maja ги споделува своите размислувања за иднината на жените во инженерството, како и за тоа што треба да се направи за да се создадат подобри можности и поддршка за девојките кои се заинтересирани за овие професии.