ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места – Маргарита Постолова, Potens Consulting
Во оваа епизода од нашиот подкаст, дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, разговараме со Маргарита Постолова, основачка и CEO на Potens Consulting. Маргарита ги споделува своите искуства и предизвици при започнувањето на сопствен бизнис, како и начинот на кој успеала да ја изгради својата компанија и да постигне значајни резултати. Во разговорот дознаваме повеќе за динамиката во Potens Consulting и на кои начини жените претприемачки можат да се соочат со предизвиците во бизнис-светот и да ги надминат. Маргарита исто така зборува за улогата на жените во лидерските позиции и за важноста од поголема инклузија на жени во бизнис-средините, како и што треба да се направи за да се охрабрат повеќе жени да започнат свои бизниси. Низ нејзината приказна ќе откриете како упорноста и визијата може да доведат до големи успеси.