ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места – Загорка Блажевска, Вита Нова – За Доо – Скопје
Во оваа епизода од нашиот подкаст, дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, разговараме со Загорка Блажевска, основач и директорка на компанијата „Вита Нова – За Доо“ – Скопје. Загорка ја споделува својата инспиративна приказна за тоа што ја мотивирало да ја основа компанијата која се фокусира на здрава храна. Таа зборува за своите принципи и вредности во управувањето со бизнисот и како тие придонесуваат за растот и успехот на компанијата. Со Загорка се осврнавме и на главните предизвици со кои се соочуваат жените претприемачки во Македонија и што е потребно за да се создадат подобри можности за нив. Таа исто така зборува за важноста на менторството за младите претприемачки и како тоа може да им помогне да го надминат сомнежот и да успеат во бизнис секторот.